Не е позната причината, но Русите се без најскапиот играч

Зенит ослабен доаѓа во Скопје - Паредес и Шатов не играат против Вардар

Роберто Манчини повлече изненадувачки потег и во Скопје за дуелот со Вардар не ги повика најскапиот играч Леандро Паредес и рускиот репрезентативец Олег Шатов

објавено: 13 септември 2017 - 15:42

Роберто Манчини повлече изненадувачки потег и во Скопје за дуелот со Вардар не ги повика најскапиот играч Леандро Паредес и рускиот репрезентативец Олег Шатов.

Веројатно и двајцата се повредени, иако официјално челниците и тренерот на Зенит не понудија образложениез а отсуството на двата големи адути на рускиот клуб.

Паредес летово дојде од Рома во Зенит за сума од 23 милиони евра и од него се очекува да биде главниот играч во средниот ред. Шатов е репрезентативец на Русија, но не се најде на списокот од 20 играчи кои денеска ќе допатуваат во Скопје.  

Најново во Меѓународен Фудбал