УЕФА СО „СОЛЕНА“ САНКЦИЈА ЗА ТРЕНЕРОТ НА АТЛЕТИКО

Жестока казна доби Симеоне

Тренерот на Атлетико Мадрид Диего Симеоне доби повисока казна од претпоставките поради бурната реакција на првиот полуфинален меч со Арсенал на „Емирејтс" минатата недела

објавено: 4 мај 2018 - 19:17

Кога Шиме Врсаљко беше исклучен, Симеоне бурно реагираше на одлуката на судијата, а потоа доби црвен картон и беше испратен на трибините. Дисциплинската комисија на УЕФА го разгледа случајот и донесе „солена" казна за аргентинскиот стручњак.
„Ел Чоло" е суспендиран на четири натпревари во европските клупски турнири, плус 10.000 евра. Тој беше на трибините на реваншот со Арсенал во четвртокот, па така му остануваа уште три меча. Едниот е финалето во Лига Европа против Марсеј, а вториот евентуалниот дуел од Суперкупот на Европа во август и уште еден меч во наредната сезона во Европа.
Во случај Атлетико да го загуби финалето, „Ел Чоло" ќе ги прескокне првите два натпревари од групната фаза на ЛШ идната сезона.

 

Најново во Меѓународен Фудбал