ОФИЦИЈАЛНО Е:

ЗЛАТАН ВО РУСИЈА, ДА - но само како гледач!

Можеби Златан Ибрахимовиќ ќе патува на Светското првенство, но сигурно не како дел од репрезентацијата на Шведска.

објавено: 26 април 2018 - 15:57

Можеби Златан Ибрахимовиќ ќе патува на Светското првенство, но сигурно не како дел од репрезентацијата на Шведска.

По оние „контра" ставови кои ги имаа селекторот Јане Андерсон и Златан Ибрахимовиќ, денеска беа тргнати сите дилеми околу тоа дали „Ибракадабра" ќе биде учесник на претстојниот Мундијал во Русија.

„Златан се повлече од репрезентацијата, и не го промени мислењето"- се наведува во официјалното соопштение на спорскиот директор на фудбалскиот сојуз на Шведска, Ларс Рихт. „Разговарав со него денеска и ми соопшти дека останува на одлуката дека повеже нема да игра за националниот тим".

Претходно, новиот фудбалер на ЛА Галакси изјави дека „ќе патува" на СП па останува да се види во која улога.
Селекторот Андерсон на тоа одговори дека треба Ибрахимовиќ само да го повика ако сака да игра. Но на крајот изгледа дека од сето тоа нема да има ама баш ништо.

 

Најново во Меѓународен Фудбал