ЌЕ БИДЕ ПОЛН СТАДИОНОТ ВО БЕЛГРАД

УЕФА ѝ прости на Црвена Звезда, „Делиите“ ќе бидат на стадион против ЦСКА

„Црвено-белите“ во дуел од нокаут фазата во Лигата на Европа ќе играат против рускиот гигант

објавено: 5 февруари 2018 - 11:19

Европската фудбалска федерација (УЕФА) ја прифати жалбата на Црвена Звезда и дозволи да има публика на стадионот, на дуелот против ЦСКА Москва, во првиот меч од нокаут фазата во Лигата на Европа.

Дисциплинската комисија ја смени првичната одлука за казна на белградскиот тим, поради скандирањето на „Делиите“ како поддршка за Ратко Младиќ. Дуелот во белград ќе се игра на 13 февруари. 

„Презадоволни сме од одлуката на УЕФА. Ова е уште еден голем успех за нас, надвор од фудбалскиот терен. Горди сме бидејќи докажавме дека Црвена Звезда не е виновна. Оваа борба воопшто не беше лесна“, рече генералниот директор на Црвена Звезда, Звездан Терзиќ. 

Билетите за дуелот против ЦСКА се распродадени уште пред нова година, што значи дека на стадионот во Белград домаќините ќе имаат голема поддршка против рускиот гигант. 

Најново во Меѓународен Фудбал