ЕВРОПСКАТА КУЌА НА ФУДБАЛОТ ГИ ОБЈАВИ СИТЕ НОМИНИРАНИ

УЕФА: Роналдо, Паје, Ериксен..кандидати за гол на сезоната 2017/18! (ВИДЕО)

Овогодинешната анкета на УЕФА за „Гол на Сезоната" вклучува неверојатни потези од 11 различни европски фудбалски натпреварувања.

објавено: 16 август 2018 - 08:00

Анкетата на UEFA.com за „Гол на сезоната" е официјано отворена - погледнете ги сите кандидатите и изберете го вашиот најомилен гол ТУКА

Овогодинешните 11 кандидати беа избрани од техничките набљудувачи на УЕФА. Има по еден кандидат од секој од главните натпреварувања на УЕФА кои биле активни во текот на изминатите 12 месеци.

Помеѓу номинираните годинава се наоѓаат: Луси Бронз (Лион), Олга Кармона (Шпанија), Елисандро (Интер ФС), Елиот Емблтон (Англија), Кристиан Ериксен (Данска), Пауло Естрела (Порто), Ева Наваро (Шпанија), Димитри Паје (Марсеј), Гончало Рамос (Португалија), Рикардињо (Португалија), Кристијано Роналдо (Реал Мадрид).

Победникот ќе го дознаеме на 27. август (понеделник), а потсетување на победниците од изминатите три години:
-2015 Лионел Меси против Баерн (06/05/2015)
-2016 Лионел Меси против Рома (24/11/2015)
-2017 Марио Манџукиќ против Реал Мадрид (03/06/2017)

СИТЕ ГОЛОВИ ОД КАНДИДАТИ ЗА „ГОЛ НА СЕЗОНАТА" 2017/18 МОЖЕТЕ ДА ГИ ПОГЛЕДНЕТЕ ТУКА

Најново во Меѓународен Фудбал