УБЕДЛИВА ПОБЕДА НА ПОРАНЕШНИОТ ПЛАНЕТАРЕН ШАМПИОН

Уругвај му покажа на домаќинот Русија кој е кој во светскиот фудбал

Во борба за првото место во групата, јужноамериканскиот гигант без многу проблем со 3:0 славеше против домаќинот

објавено: 25 јуни 2018 - 17:54

Уругвај во голем стил со победа од 3:0 над домаќинот Русија, го освои првото место во групата А. На Уругвај му беше потребен триумф за да го обезбеди лидерското место во групата, а јужноамериканците уште од самиот почеток покажаа дека сакаат победа. 

Луис Суарез во 10 минута погоди за 1:0, а во 23 минута Черишев си даде автогол за водство на Уругвај од 2:0. Точка на триумфот стави Кавани со погодок во 90 минута. Уругвај групата ја заврши со перфектни три победи и пет дадени и ниту еден примен гол, додека Русија со осум дадени и четири примени гола и две победи и еден пораз ќе продолжи како второпласирана селекција од А групата. 

Во вториот меч од оваа група, Саудиска Арабија со 2:1 го победи Египет. Саудиците направија пресврт, бидејќи Египет поведе со голот на Мохамед Салах во 22 минута.

Интересно е тоа што Саудиска Арабија погоди во судиското продолжение на првото и на второто поливреме. Најпрво Ал Фарај во шестата минута од продолжението на првиот дел даде гол од пенал, а во 95 минута радост на Саудиска Арабија донесе Ал Давсари. 

Најново во Меѓународен Фудбал