НЕЛОГИЧЕН ПОТЕГ НА ФУДБАЛСКИОТ СОЈУЗ, НО АЈДЕ...

Уште еден Бразилец ќе ги брани боите на Русија

Нов натурализиран напаѓач во редовите на „Зборнаја", за многумина овој потег е смешен...

објавено: 14 ноември 2018 - 14:30

Напаѓачот на Краснодар, Ари, кој е роден во Бразил е повикан да дебитира за руската репрезентација. Иако за неколку месеци ќе наполни 33 години, тоа не беше препрека да добие шанса за настап за „Зборнаја". Ари некогаш играше за шведски Калмар и холандски АЗ, а веќе девет години живее и работи во Русија, играше за Спартак, Локомотив и сега е во Краснодар. Тој аплицираше за руско државјанство во 2017 година, а сега му е издадено.

Крилниот напаѓач ќе чека своја шанса на пријателскиот меч со Германија или на мечот со Шведска во Лигата на нациите.

Знам дека за многумина сум трн во око затоа што сум од друга држава, но тоа не ме загрижува. Освен тоа има многу примери на натурализација на спортисти. Јас се чувствувам Русин, долго време живеам и играм фудбал тука. Половина кариера поминав тука. Јас се чувствувам Русин и на терен ќе покажам дека го сакам националниот тим", изјави Ари кој е третиот Бразилец кој ќе игра за „Зборнаја".

Прв Бразилец кој го проби ледот и настапи за „Зборнајата" е голманот на Локомотив Москва, Гиљерме Маринато кој веќе 11 години е член на овој клуб. После него на ред дојде десниот бек на ЦСКА Москва, Марио Фернандеш.

Други натурализирани руски репрезентативци се Константин Рауш и Роман Нојштадер, кои како деца се преселиле со фамилиите во Германија и имаат државјанство на оваа држава, но одлучија да ја претставуваат државата во која се родени.


Канчелскис лут: Од 150 милиони Руси стигнавме да носиме Бразилци
Поранешниот руски репрезентативец Андреј Канчелскис не се согласува со праксата во националниот тим да има натурализирани фудбалери, посебно не некои како Ари кој е на залезот на кариерата.

Во Федерацијата си прават што сакаат како да е нивна приватна сопственост. Нема да ме изненади ако уште некој странец да заигра за Русија. Не ми е јасно како од 150 милиони луѓе во државата тие се потрпеа на натурализација. Ајде, ќе разберам за Марио Фернандеш кој е помлад и може уште да допринесе за репрезентацијата, меѓутоа, Ари!?", изјави Канчелскис.

Најново во Меѓународен Фудбал