ТРАГЕДИЈА ВО ЧЕШКИОТ ФУДБАЛ

Уште еден чешки фудбалер се обеси

Играчот беше дел од тимот на Спарта која водеше битка со Вардар за влез во Лигата на шампионите

објавено: 3 мај 2018 - 15:30

Страшна трагедија го потресе чешкиот фудбал. Павел Пергл, поранешниот фудбалер на Спарта Прага се обесил во германскиот град Магдебург.

Според информациите од Чешка 40-годишниот Пергл посегнал по животот поради проблеми со својата девојка, а пред една година двајцата се радувале на раѓањето на ќеркичката.
Последен клуб на Пергл беше швајцарскиот Тур, а потоа ја прекина кариерата. Најуспешните години како фудбалер му биле во периодот од 2003 до 2007 кога со Спарта Прага освои две шампионски титули. Тој беше дел од екипата која водеше битки со нашиот Вардар за влез во Лигата на шампионите. Пергл и на двата натпревари остана на клупата. Во странство играше за Динамо Дрезден, Престон, АЕК Ларнака...

Тоа е трето самоубиство на поранешен фудбалер на Чешка. Во април 2017 поранешниот репрезентативец Франтишек Рајторал си го одзема животот, а еден месец подоцна истото го направи и Давид Бистрон. И двајцата се обесија.

 

Најново во Меѓународен Фудбал