ШВЕЃАНЕЦОТ ГО ВОДЕШЕ СВОЈОТ ТИМ ДО НОВА ПОБЕДА

Уште еден спектакуларен гол на Ибрахимовиќ за ЛА Галакси! (ВИДЕО)

Фудбалерите на Лос Анџелес Галакси синоќа на домашен терен го совладаа Ванкувер Вајткапс со 3:0, а повторно блескаше Златан Ибрахимовиќ кој постигна два гола.

објавено: 30 септември 2018 - 16:05

Галакси одлично го отвори натпреварот и повеќе уште во четвртата минута од средбата кога шведскиот интернационалец беше сигурен од белата точка.

Ибра приреди вистинско шоу кога кон средината на второто полувреме, најпрвин фантастично исфрли еден противнички фудбалер, а потоа од врвот на казнетиот простор ја испрати топката во мрежата на ривалите.

Конечните 3:0 ги постави Алесандрини од пенал во 77. минута кога Ибрахимовиќ му дозволи да го изведе ударот од белата точка. ЛА Галакси моментно е на седмото место со 44 бодови и сеуште е на едно место под позициите кои водат во плеј-офот.

Најново во Меѓународен Фудбал