Два реванши и двата без акција

Вечер без голови - Хрватска и Швајцарија патуваат на Мундијалот во Русија

Вечер за реванш мечеви без голови во 180 минути им се погоди на селекциите на Швајцарија и на Хрватска кои ќе играат на Светското првенство во фудбал во Русија следната година

објавено: 12 ноември 2017 - 22:47

Вечер за реванш мечеви без голови во 180 минути им се погоди на селекциите на Швајцарија и на Хрватска кои ќе играат на Светското првенство во фудбал во Русија следната година.
Најпрво, Швајцарците одиграа мирољубиво во реваншот во Базел, против Северна Ирска, па голот од пенал за победа на првиот меч беше решавачки за пат во Русија.

Слично сценарио вечерва имаше и во Атина, каде Хрватите рутински во меч без голови, ја задржаа предноста од првиот меч кога славеа убедливо со 4:1.

Најново во Меѓународен Фудбал