СТАРТУВА НОКАУТ ФАЗАТА, ДВА МЕЧА НА ПРОГРАМАТА

Вечерва почнува она вистинското: Борбата за трофејот во ЛШ

Јувентус - Тотенхем и Базел - Манчестер Сити се првите две двојки во елитната лига на УЕФА

објавено: 13 февруари 2018 - 08:30

Поминаа два месеци од последните возбудувања во Лигата на шампионите, кога се комплетираше групата од 16 екипи, кои останаа во трката за трофејот. Најдобрите по првата фаза, сега продолжуваат во нокаут системот каде шампионот ќе се искачи на тронот на фудбалска Европа. 

Први на мегдан вечерва ќе излезат четири екипи. Италијанскиот првак Јувентус, на свој терен во Торино го пречекува англискиот Тотенхем, додека Базел игра со фаворитот Манчестер Сити. Тоа значи дека две англиски екипи се гости. Ако Тотенхем е аутсајдер против Јувентус, тогаш за „граѓаните“ може да се каже дека се очекува да бидат сигурни меѓу најдобрите осум екипи. 

Утре играат: Порто - Ливерпул, Реал Мадрид - ПСЖ, додека на 20 февруари се среќаваат Баерн М. - Бешикташ и Челзи - Барселона. Ден подоцна ќе играат Севилја - Манчестер Јунајтед и Шахтјор - Рома.

Најново во Меѓународен Фудбал