Се чека потврда од КОНМЕБОЛ

Веќе е договорено: Ривер-Бока на 8 декември во Доха!

Одложеното реванш финале од Копа Либертадорес, по се изгледа, се сели 13.000 километри подалеку од Буенос Аирес.

објавено: 29 ноември 2018 - 13:04

Иако се уште официјално не е потврдено, огромна е веројатноста вториот финален меч од Копа Либертадорес меѓу екипите на Ривер Плата и Бока Јуниорс да се одигра во престолнината на Катар, Доха.

Веста сé уште не е официјално објавена од Јужноамериканската фудбалска конфедерација КОНМЕБОЛ, но се очекува да стане реалност до крајот на денот. Според извори од катарските власти, тие успеале да добијат битката за организатор на ова финале и најверојатно истото ќе се одигра на 8 декември. Тоа значи дека Ривер Плата нема да биде казнета со службен пораз за однесувањето на навивачите пред реваншот со Бока кога тие го нападнаа гостинскиот автобус со камења и повредија неколку играчи на Бока.

Преселбата во Катар значи дека ова „Суперкласико“ за првпат ќе се одигра на 13.306 километри од Буенос Аирес, градот од кој доаѓаат двата ривали. Овој пат битката за јужноамериканската титула ќе се води на "Калифа Интернешнл Емирати", кој е со капацитет од 40.000 места.

Најново во Меѓународен Фудбал