ТРЕНЕРОТ КОЈ ПО 22 ГОДИНИ СИ ЗАМИНУВА ОД АРСЕНАЛ

Венгер ја „отвори душата“: Навивачите ме повредија

Францускиот стратег призна дека барањето од фановите да си оди, многу го заболело

објавено: 23 април 2018 - 21:43

Англискиот премиерлигаш Арсенал ќе мора да бара нов тренер за следната сезона. Тоа ќе биде за прв пат по 22 години, „топчиите“ да размислуваат за тоа кој ќе ги води од клупата. Во овие нешто повеќе од две децении таа обврска ја имаше Арсен Венгер. 

Францускиот стратег најави дека по завршување на сезоната си оди, иако има уште една година од договорот. Легендарниот Венгер вели дека не му било сеедно кога во последните неколку месеци читаше транспаренти и слушаше скандирања за тоа дека треба да си оди од Арсенал. 

„Јас сум среќен кога навивачите се среќни. Секоја одлука која сум ја донел во овие 22 години била за доброто на Арсенал. Верувам дека клубот го оставам во стабилна положба. Нашите навивачи не допринесоа да има единство во клубот како што јас посакувам и тоа навистина ме повреди“, рече Венгер кој од 1996 година е во Арсенал. 

Менаџерот вели дека нема да се меша во одлуката за тоа кој ќе биде негов наследник. 

Најново во Меѓународен Фудбал