ШТО ЗНАЧИ ДА СЕ БИДЕ 22 ГОДИНИ НА ЧЕЛО НА АРСЕНАЛ

Венгер од Кина ја добива најголемата понуда во историјата на фудбалот

Иако не може да се пофали со премногу трофеи, посебно не во последните неколку години, францускиот стратег е на цена

објавено: 28 април 2018 - 19:57

Ерата на Арсен Венгер во Арсенал полека завршува. Остануваат само уште неколку меча, па францускиот менаџер и официјално ќе каже „збогум“ на лондончани. По 22 години на чело на клупата на „топчиите“, тој си оди.

Сега останува нејасно каде Венгер, ќе ја продолжи кариерата. Првите шпекулации беа дека ќе застане на чело на Пари Сен Жермен, чиј тренер Унаи Емери потврди дека си оди на крајот од сезоната. Сепак, не е тоа единствената опција за Венгер. 

Се шпекулира дека кинеските клубови се подготвени по секоја цена во нивното првенство да го доведат легендарниот тренер. Најавите се дека Венгер може да ја добие највисоката понуда за еден тренер, во историјата на фудбалот.

Засега најплатен стратег е Марсело Липи, со годишна плата од 30 милиони евра и тоа во Кина. Венгер би добил поголема сума од оваа на Липи, само да прифати да замине во Кина. Дали Венгер богато ќе го наплати заминувањето од Арсенал треба да видиме во следните неколку месеци. 

Најново во Меѓународен Фудбал