Сензационална најава

Венгер тренер на ПСЖ во следните четири години

Можно ли е францускиот стратег да седне на клупата на тимот кој се надева на освојување на Лигата на шампиони

објавено: 27 април 2018 - 22:36

Арсен Венгер веројатно ќе биде наследникот на Унаи Емери на клупата на Пари Сен Жермен. Двајцата тренери и официјално најавија дека ќе си заминат од актуелните клубови, а најавата е дека следната дестинација за Венгер ќе биде токму Пари Сен Жермен. 

Според информациите во француските медиуми, „светците“ се подготвени да му дадат четиригодишен договор, почнувајќи од ова лето. 

Венгер цели 22 години беше на чело на Арсенал, а пред неколку дена најави дека сигурно си заминува по завршувањето на сезоната. И ПСЖ ќе мора да бара нов тренер, откако Емери најави дека си оди од клубот. 

Најново во Меѓународен Фудбал