ЕУФОРИЈА КАЈ НАВИВАЧИТЕ НА „ЦРНО-БЕЛИТЕ“

ВЕРНИ ДО КРАЈ: Гробари навиваа и пред стадион (Видео)

Речиси 4.000 симпатизери на Партизан беа пред стадионот за да ја прослават победата од 2:1 против Вождовац

објавено: 14 мај 2017 - 10:30

Партизан е на чекот од освојување на титулата во српското првенство, откако со 2:1 славеше против Вождовац. Мечот се играше пред празни трибини на стадионот во „Хумска“, поради казната на Партизан да игра без навивачи.

Сепак, тоа не беше пречка, околу 4.000 најверни навивачи на „црно-белите“ да бидат пред стадионот и на видео бил да го следат мечот. Симпатизерите во текот на целиот меч пееја и ги бодреа своите миленици, а вистинска фешта се случи по средбата. 

Играчите на Партизан заминаа на трибините, за да ги поздрават навивачите кои ги бодреа пред стадионот.

Најново во Меѓународен Фудбал