ГИ ИСПРАТИЈА ИТАЛИЈАНСКИТЕ ФУДБАЛЕРИ ДА СМЕНАТ ПРОФЕСИЈА

Вие не сте за фудбал, земете лопати и работете!

Селекторот Џанпјетро Вентура вели „Се извинувам на сите Италијанци што не отидовме на СП во Русија 2018, но нема да поднесам оставка“

објавено: 14 ноември 2017 - 12:30

Италијанците уште не може да се помират со фактот дека по пауза од 60 години, нивната репрезентација нема да биде дел од Светското првенство. „Аѕурите“ синоќа беа елиминирани во баражот во дуелот против Шведска. 

И покрај неуспехот, селекторот на Италија Џанпјетро Вентура вели дека не планира да си поднесе оставка. 

„Се извинувам на сите Италијанци што не отидовме на СП во Русија 2018, но нема да поднесам оставка", рече Вентура, кој со 69 години е најстариот предводник на националниот тим, но и човекот кој го направи еден од најголемите неуспеси. 

Дел од медиумите се толку остри што не само што сметаат дека треба да има оставка од селекторот, туку сите играчи ги прати „да копаат“, а не да играат фудбал. „Тргнете на работа“, стои во насловот, а под тоа слика од лопата и човек како копа. 

Најново во Меѓународен Фудбал