„ВАЛКАНИ“ ИГРИ ВО АЗИСКАТА ЛИГА НА ШАМПИОНИ

Вијаш-Боаш ги обвини ривалите дека прават сообрајќи!

Тренерот на Шангај СИПГ, Андре Вијаш-Боаш ги обвини ривалите од Гуангжу Евергранде дека намерно правеле сообраќајни несреќи при патувањето за четврт-финалето од Азиската ЛШ

објавено: 13 септември 2017 - 17:30

СИПГ победи со 5:4 на пенали во вториот натпревар, откако Гуангжу Евергранде надминаа 4:0 негатива од првиот меч.

„Имаше три сообраќајни несреќи пред нас. Овој клуб може да предизвика несреќи“, изјави португалскиот тренер.

Кога почна продолжувањето на вториот меч, СИПГ играше со два играчи помалку, по што двата тима постигнаа голови за вкупниот резултат да биде 5:5. Вијаш-Боаш имаше што да каже и за тоа.

„Судијата го избра крајот на натпреварот. Гуангжу имаат играчи кои удираат со лакт, како Елкесон, и кои не добиваат казна. Судијата му даде жолт картон на нашиот играч додека изведуваше пенали. Вистинска срамота. Ова ен ашиот најголем успех во историјата бидејќи бевме против тим кој доминира во АФЦ конфедерацијата“, вели Вијаш-Боаш, кој стана менаџер на СИПГ во ноември 2016 на местото на поранешниот англиски селектор, Свен-Горан Ериксон.

Најново во Меѓународен Фудбал