по синоќешниот скандал на дуелот паок - аек

Владата на Грција го суспендираше фудбалското првенство

Премиерлот Алексис Ципрас и заменикот министер за спорт се одлучија на овој непопуларен потег 

објавено: 12 март 2018 - 13:22

Прекин на фудбалскиот шампионат во Грција е одлуката која ја донесоа премиерот на земјата Алекси Ципрас, заедно со заменик министерот на спорт, Јордос Василаидис. Засега нема одлука, кога и како ќе продолжи фудбалското првенство. За ова решение се известени и челниците во УЕФА и ФИФА. 

Ваквиот непопуларен потег доаѓа по синоќешниот скандал на дербито ПАОК - АЕК, кое не се доигра. Домаќините дадоа гол во 90 минута, а судијата реши да го поништи поради офсајд. Тогаш на теренот влета газдата на ПАОК и тоа со пиштол на ременот, сакајќи да го „реши проблемот“ со судијата.

Арбитарот го прекина мечот, а подоцна во извештајот призна дека погрешил за погодокот и го признал, но додава дека газдата на ПАОК се заканувал и носел огнено оружје. 

ПАОК и АЕК се во битка за титулата, а засега нема на повидок решение на оваа ситуација во грчкиот фудбал.  

 

Најново во Меѓународен Фудбал