ГАЗДАТА НА ПАОК СО СВОЕ ОБЈАСНУВАЊЕ

Влегол на терен со пиштол за да спаси животи!?

Милионерот Иван Савидис се извини за своето однесување и за направениот прекин на дербито против АЕК

објавено: 13 март 2018 - 16:25

Газдата на грчкиот прволигаш ПАОК, Иван Савидис веќе неколку дена е во центарот на светското внимание, поради инцидентот кој го направи на дербито против АЕК. Незадоволен од судиската одлука да го поништи голот на ПАОК постигнат во 90 минутиа, Савидис влезе на теренот и тоа со ПИШТОЛ. 

Рускиот милионер не можеше да се помири со фактот дека судијата реши поради офсајд да го поништи голот на Фернандо Варела, кој ќе значеше победа на ПАОК и прво место на табелата во првенството. Судијата го прекина дуелот, а подоцна во извештајот призна дека згрешил и го призна погодокот кој претходно го поништи. 

Против Савидис е подигнато обвинение за неговото однесување да се појавува со пиштол на сред терен. Рускиот богаташ се извини за своето однесување и имаше објаснување за тоа што го направи. 

„Сакам да се извинам на сите навивачи на ПАОК и на сите грчки навивачи, како и на целата светска фудбалска јавност. Многу ми е жал за тоа што се случи. Јасно е дека немам право да влезам на терен на таков начин. Реакцијата ми беше емотивна и таа беше предизвикана од сите негативни работи кои во последно време се случуваат во грчкиот фудбал. Кулминацијата се случи на дербито ПАОК - АЕК кога судијата го поништи нашиот гол. Таа одлука на судијата можеше да предизвика многу лоша реакција кај навивачите. Единствена цел поради која влегов на теренот е да ги заштитам илјадниците навивачи на ПАОК од дополнителни провокации, кои можеа да доведат дури и до човечки жртви. Воопшто немав намера да влезам во конфликт со судијата или со некој од противничкиот тим. Уште еднаш се извинувам“, стои во извинувањето на Савидис. 

 По инцидентите на стадионот во Солун, беше одлучено да се суспендира фудбалот во Грција. 

Најново во Меѓународен Фудбал