НЕМИЛ НАСТАН ВО ПРЕСРЕТ НА ДУЕЛОТ ОД ЛИГАТА НА ЕВРОПА

Во Белград почина навивач на ЦСКА Москва

Симпатизерот на рускиот тим не учествувал во никакви навивачи конфликт, туку починал од срцев удар

објавено: 13 февруари 2018 - 15:20

Црвена Звезда и ЦСКА Москва вечерва играат во Белград, во меч од нокаут фазата во Лигата на Европа. Освен битката на теренот, се очекува и битка на трибините, ако се знае дека руските фанови се пристигнати во главниот град на Србија. 

Првиот немил настан се случи, но тоа нема врска со никакви навивачки немири. Еден симпатизер на ЦСКА Москва почина, а како што пишуваат руските медиуми, се работи за смрт од срцев удар. Неколку стотина фанови на ЦСКА Москва пристигнаа да дадат поддршка на гостите, кои треба да го издржат притисокот од повеќе од 50.000 навивачи на Црвена Звезда. 

Најново во Меѓународен Фудбал