ПРОКЛЕТСТВОТО НА МАРИЦБУРГ ЈУНАЈТЕД

Во две години тројца играчи им загинаа во различни несреќи

Клуб од Јужна Африка очигледно го следи проклетство затоа што во две години му загинаа тројца фудбалери во три различни несреќи

објавено: 6 мај 2018 - 11:05

Марицбург јунајтед, прволигаш од Јужна Африка е во центарот на вниманието затоа што во петокот трет фудбалер им почина како последица на несреќа.
Луанда Нцангасе пред два месеци го удри гром за време на пријателски натпревар. 21-годишниот фудбалер беше во кома по инцидентот и денеска почина.

Нцангасе е третиот фудбалер на овој клуб кој умира во последните две години. Пред него Мондли Целе (27) и Млонди Дламини (20) загинаа во две различни автомобилски несреќи.

Целе загинал во јануари 2016, а Дламини во октомври 2017 година.

Најново во Меѓународен Фудбал