КАКО И ШТО СЕ ОЧЕКУВАШЕ, ИМА НЕРЕДИ

Во Хрватска нападнати навивачите на Левски, шестмина повредени

Вкупно 20 навивачи на гостите завршиле во затвор

објавено: 13 јули 2017 - 09:40

Непријатна е навивачката авантура на симпатизерите на Левски во Хрватска. Околу 30 фанови на Левски тргнале со автомобили, но неколку пати биле нападнати во Задар, каде биле сместени, во пресрет на дуелот од второто претколо во Лигата на Европа. 

Засега најлошо поминал еден автомобил со бугарски таблички, кој бил запален од страна на локалните хулигани. Навивачите на Левски неколку пати биле нападнати од помали групи на хрватски хулигани. Тоа најчесто се случувало во темни тесни улички на градот. 

Според бугарските медиуми, на крајот повторно настрадале бугарските навивачи, бидејќи полицијата уапсила 20 навивачи на Левски. Навивачите на Хајдук најавиле дека денеска ќе „патролираат“ низ градот и не сакаат да видат ниту еден гостински навивач. 

Најново во Меѓународен Фудбал