му се заканува затворска казна од шест години

Во Јувентус имало и криминалци

Јавниот обвинител бара повеќегодишна казна затвор за некогашниот напаѓач на „старата дама“

објавено: 25 мај 2018 - 09:45

Поранешниот напаѓач на Јувентус и италијанската репрезентација, Виченцо Јакинта може да добие затворска казна во траење од шест години. Оваа казна за екс голгетерот е поради контактите кои тој ги имал со мафијата во Италија. 

Јакинта ја прекина играчката кариера во 2013 година, поради честите повреди. Сега, тој и неговиот татко се меѓу 140 луѓе кои се обвинети дека имале контакти со криминалната структура на мафијата „Ндагенте“. 

Јавниот обвинител побара Јакинта да добие затворска казна во траење од шест години, додека неговиот татко се соочува со казна затвор во траење од дури 19 години. 

Најново во Меѓународен Фудбал