Мундијалот 2018 ќе биде со најмалку судиски грешки

Историска одлука на ФИФА пред СП во Русија

Челниците на ФИФА потврдија дека ќе се користи Видео асистент судија (ВАР системот), за време на планетарниот собир

објавено: 17 март 2018 - 09:45

Челниците на светската фудбалска федерација (ФИФА) потврдија дека ќе се користи Видео асистент судија (ВАР системот), за време на Мундијалот во Русија. Популарниот ВАР систем треба да им помогне на судиите околу спорните ситуации, за да донесат правилна одлука. 

„Мораме да бидеме во чекор со времето. Сакам на сите судии да им дадеме алатка која ќе им ја олесни работата и со помош на таа алатка да донесат и многу важни одлуки. Не смее во 2018 година, сите гледачи на ТВ екраните да знаат дали судијата погрешил или донел вистинско решение, а самиот арбитар да нема поима. Затоа и ќе имаме Светско првенство со ВАР. Ова е историска одлука“, вели претседателот на ФИФА; Џани Инфантино.

ВАР е систем кој оваа сезона се користи во поголем дел од најсилните европски лиги како што се тие во Германија, Италија и англиските купови. Прв пат ВАР започна да се користи во 2016 година, за време на Купот на конфедерациите. 

Најново во Меѓународен Фудбал