СПЕЦИЈАЛЕН КАЛКУЛАТОР ПРЕД ЧЕТИРИ ГОДИНИ УСПЕА ДА ПРЕСМЕТА

Во Русија не мора да се игра Мундијалот, се знае кој ќе биде првак!?

Според направените пресметки, во финалето на 15 јули во Москва ќе треба да се сретнат Германија и Бразил

објавено: 30 мај 2018 - 09:00

Репрезентацијата на Германија ќе успее да го одбрани светскиот фудбалски трон на Мундијалот во Русија. Ова го пресметал специјален калкулатор „Сокерномик“, кој имал за цел да го предвиди текот на планетарниот собир во Русија. 

Калкулаторот направил пресметка на сите 32 репрезентации кои ќе бидат дел од Светското првенство, а се гледало на составот на тимот, населението, поддршката од навивачите, број на регистрирани фудбалери, ранг листата на ФИФА. 

Овој ист калкулатор пред четири години, пред стартот на СП 2014 во Бразил предвиде дека Германија ќе се искачи на тронот. На крајот тоа и се случи, откако „панцерите“ дури по продолженија со 1:0 славеа над Аргентина.

Најновата направена пресметка покажува дека Германија повторно ќе се радува на „богињата“, но овојпат во финалето ќе биде подобра од Бразил. Третото место ќе го освои Франција, која во малото финале ќе слави против Аргентина. Во четвртфиналето ќе бидат елиминирани Англија, Уругвај, Белгија и Шпанија, додека актуелниот европски првак Португалија ќе стигне само до осминафиналето.

Како изгледа пресметката на калкулаторот може да проверите ТУКА. 

 

Најново во Меѓународен Фудбал