капитенот на перу не може да се помири со суспензијата

Во животот не сум пробал дрога, чајот од кока е виновен

Паоло Гуереро е суспендиран и нема да може да игра на Светското првенство во Русија

објавено: 13 декември 2017 - 09:50

Капитенот на перуанската репрезентација Паоло Гуереро не може да с епомири со фактот дека е суспендиран на една година поради користење на недозволени допинг средства. По едно тестирање, во телото на Гуереро се пронајдени траги од кокаин. Поради тоа, ФИФА реши да го суспендира, што значи и автоматски дека ќе го пропушти Мундијалот во Русија. 

Искусниот 33-годишен напаѓач не може да се помири со фактот дека е суспендиран и вели дека никогаш во животот не пробал кокаин. 

„Многу сум лут. Не можам да поверувам каква неправда ми е нанесена. Нарушен ми е угледот, како на приватен, така и на професионален план. Не можам да верувам дека ФИФА така се однесува со мене“, рече Гуереро. 

Капитенот на Перу има своја приказна за тоа како кокаинот завршил во неговото тело.

„Никогаш во животот не сум земал дрога. Во Перу се пие чај од кока, кој е е многу популарен и може да се нарача на речиси сите места. Ние бевме сместени во хотелот, а јас нарачав црн чај со лимон. Насекаде околу нас имаше лажички. Јас сигурно сум земал лажичка, која била контаминирана со чај од кока. Не сум луд да конзумиран било каков облик на кокаин“, додаде голгетерот на Перу, кој верува дека неговата жалба ќе биде усвоена и дека суспензијата ќе му биде поништена. 

Најново во Меѓународен Фудбал