Војна на „Твитер“: Федерер ја критикуваше Швајцарија, Бехрами му врати

Критиките на Рожер Федерер на сметка на играта на швајцарската репрезентација на Светското првенство најдобро не ги прифати Валон Бехрами.

објавено: 7 јули 2018 - 09:10

Швајцарија го заврши својот настап на Светското првенство во осминафиналето по бледата партија против Шведска. Рожер Федерер е еден од многумината го испратија критика до репрезентацијата, не знаејќи дека ќе влезе во „војна“ со еден од фудбалерите.

Откако на социјалните мрежи пиша „Швајцарците го добија она што го заслужуваат“, доби одговор од Валон Бехрами.

„Гледај си ја твојата работа“, му врати швајцарскиот репрезентативец.

Иако ваквиот „двобој“ на двете ѕвезеди наиде на критики во Швајцарија, сепак голем дел од народот застана на страна на Федерер.

 

Најново во Меѓународен Фудбал