ПОРАДИ СПОРНОТО ВИДЕО, ПО ПОБЕДАТА НАД РУСИЈА

Вукојевиќ избркан од хрватската репрезентација

Огњен Вукојевиќ кој беше помошник на селекторот Далиќ е разрешен од функцијата

објавено: 9 јули 2018 - 14:11

Некогашниот хрватски репрезентативец, а сега помошник на селекторот Далиќ, Огњен Вукојевиќ е разрешен од функцијата и ќе мора да го напушти таборот на „коцкестите“. Вукојевиќ доби отказ поради спорното видео кое беше објавено по победата на Хрватска во дуелот против Русија. 

На видеото на кое се двајцата, Вида вели „слава на Украина", што е еден повикан на украинската војска, а на тоа се надоврзува Вукојевиќ кој говори како таа победа е за Динамо Киев и за Украина. За среќа на Хрватите, Вида помина само со опомена и ќе може да игра на дуелот против Англија во полуфиналето од Мундијалот, но на таа средба на клупата нема да биде помошникот Вукојевиќ.

 

Најново во Меѓународен Фудбал