ОВА Е НЕШТО КАКО МЗТ СКОПЈЕ, НО ВО ФУДБАЛСКА ВАРИЈАНТА

За 4 години сменија 18 тренери

Еден од најпознатите клубови во Египет, Замалек менува повеќе од четири тренери во просек за една сезона

објавено: 16 април 2018 - 16:00

Изминативе неколку години, поим за клуб кој често ги менува тренерите кај нас е кошаркарскиот првак МЗТ Скопје Аеродром. „Штрковите“ сменија десетина тренери за само неколку сезони. Интересно е што во фудбалот има клуб кој е понезадоволен од тренерите од МЗТ. 

Тоа е еден од најдобрите египетрки клубови, Замалек. Претседателот на Замалек, Мората Мансур за само четири години смени дури 18 тренери. Последна „жртва“ на претседателот беше Ехаб Галал.

Замалек моментално е на третото место на табелата и има само теоретски шанси да се надева за титулата. Најдолго во овие четири години, на клупата на Замалек остана Жесуалдо Фереира, кој беше тренер на 41 меч, пред да биде избркан. 

Најново во Меѓународен Фудбал