СЕ ЗАКАНУВААТ ОД АПЕНИНИТЕ

ЗАБОРАВЕТЕ НА „ЕЛ КЛАСИКО“: Фудбалскиот свет гледа кон Италија! (ФОТО)

„Ел Класико", односно шпанското дерби Реал Мадрид-Барселона, веќе со години е без конкуренција најсилното, најпознатото и најгледаното дерби на светот.

објавено: 2 август 2018 - 09:30

Ова лето Кристијано Роналдо го напушти Реал и се пресели во Јувентус, можеме да очекуваме промена во однос на силите во европскиот фудбал.

Новото „класично" би можело да биде „Дербито на Италија", односно натпреварот Јувентус-Интер. Роналдо, Икарди, Манџукиќ, Перишиќ, Наинголан, Дибала, Пјаниќ, сите играчи топ класа, елита, а како што се шпекулира трансфер на Модриќ во Интер или враќање на Бонучи во Јуве, дефинитивно „Ел Класико" би паднало во втор план.

„Неро-аѕурите" се практично спремни, позајмицата на Шиме Врсаљко го заокружи составот на Спалети, а можното доаѓање на Модриќ ќе биде само бонус.

Не велиме дека шпанскиот спектакл ќе остане без големи ѕвезди. Од една страна Навас, Рамос, Варан, Крос, Ковачиќ, Бензема..., а од друга Пике, Ракитиќ, Кутињо, Меси, Суарез, Дембеле...

Најново во Меѓународен Фудбал