ИАКО ФИНАЛЕТО ОД ЛИГАТА НА ШАМПИОНИТЕ Е ГЛАВЕН НАСТАН

Заборавете на Реал - Ливерпул, следи најскапиот меч во историјата на фудбалот

Европските гиганти ќе играат за европскиот трон, но сепак дуелот меѓу Астон Вила и Фулам е финансиски многу повреден

објавено: 16 мај 2018 - 10:30

На 26 мај, фудбалска европа ќе го добие владетелот во Лигата на шампионите. Дали Реал Мадрид по трет пат во низа ќе го крене големито сребрен трофеј или Ливерпул ќе застане на патот на „кралевите“. Иако сите ќе бидат фокусирани на тој меч, истиот ден се игра дуел кој финансиски е многу повреден од финалето во Лигата на шампионите. 

Тоа е плеј-офот за влез во англиската Премиерлига. Фулам и Астон Вила се екипите кои се изборија да бидат дел од финалето на „Вембли“ на 26 мај. Победникот од тој меч ќе обезбеди враќање во Премиерлигата, а со тоа и голема финансиска заработка. 

Плеј-офот за влез во Премиерлигата едноставно ќе биде најскапиот во историјата на фудбалот. Тоа е така, бидејќи победникот од дуелот Астон Вила - Фулам, ќе заработи 170 милиони фунти за пласман во елитното англиско натпреварување. Доколку не испаднат уште првата сезона, тогаш заработката од ТВ правата и од постигнатиот пласман на табелата, може да достигнат до 300 милиони фунти за само една година. 

Колку за споредба, Реал Мадрид за ланскиот триумф во Лигата на шампионите заработи нешто помалку од 100 милиони евра, а Стоук кој годинава испадна од англиската Премиерлига има заработка поголема од 100 милиони евра. 

Најново во Меѓународен Фудбал