„КОЦКЕСТИТЕ“ СЕ ВО ГОЛЕМОТО ФИНАЛЕ

Загреб гори, Хрватите во транс - Лондон е во солзи (ВИДЕО)

Хрватите се во транс, нивните херои обезбедија место во големо финале. „Коцкестите“ сосема заслужено ќе се борат за титулата на Светското првенство, по продолженија ја совладаа Англија со 2-1. Загреб веќе одамна гори, на големо се слави победата на Хрватска, и додека во главниот град на оваа земја се пее, во Лондон сликата е спротивна. Англичаните плачат, веруваа дека ќе играат финале, дури потпишаа петиција денот по борбата за титулата да биде неработен, но Хрватите им го урнаа сонот. 

објавено: 11 јули 2018 - 22:46

Најново во Меѓународен Фудбал