НАЈМОЌНИОТ ЧОВЕК ВО ФУДБАЛОТ ВО ХРВАТСКА Е ВИНОВЕН!

Здравко Мамиќ осуден на шест и пол години затвор!

Братот на Здравко, Зоран Мамиќ доби затворска казна од четири години и 11 месеци

 

објавено: 6 јуни 2018 - 12:37

Најмоќниот човек во хрватскиот фудбал, Здравко Мамиќ ќе оди во затвор!  Судот во Осиек попладнево донесе одлука дека браќата Мамиќ заедно со уште двајца, се виновни по неколку точки од обвинението кое го имаа.

Здравко е осуден на шест и пол години затвор, а неговиот брат Зоран доби помала казна и ќе треба да одлежи 4 години и 11 месеци зад решетки. 

Судот во Осиек пресуди дека тие се виновни  поради финансиски малверзации при трансферите на Лука Модриќ и дејан Ловрен од Динамо и на тој начин ја оштетиле државата за 12,2 милиони куни, а Динамо е оштетен за 117 милиони куни.

Покрај браќата Мамиќ, виновни се и поранешниот директор на Динамо, Дамир Врбановиќ (затвор во траење од три години) и даночникот Милан Пернак (затвор во траење од 4 години и 2 маесеци). 

Ниту еден од обвинетите не беше присутен на изречување на пресудата. Здравко Мамиќ синоќа заминал од Хрватска и не се знае кога и дали ќе се врати да ја одлежи затворската казна. 

Најново во Меѓународен Фудбал