УРНЕБЕСЕН ПОТЕГ НА МЕКСИКАНСКИ ФАНОВИ

Жена му не го пуштила да оди на Мундијалот, а другарите се погрижија да биде најпознатиот навивач во Русија

Несреќниот Хавиер стана планетарно познат и предмет на сеир, откако неговите пријатели кои се во Русија направиле макета од него и ја понеле на Мундијалот, за да се чувствуваат како и тој да е дел од нивното друштво

објавено: 18 јуни 2018 - 19:34

Мексико го направи најголемото изненадување во досегашниот дел од Светското првенство, откако со 1:0 го победија актуелниот бранител на тронот, Германија. Илјадници Мексиканци кои дојдоа во Москва, го славеа триумфот. Интересно е што меѓу тие навивачи беше забележан еден необичен детал. 

Група од четворица навивачи со себе носеа макета од човек, а на неговата маица стоеше порака „Жена ми не ме пуштида одам на Мундијалот“. Се работи за несреќниот Хавиер, човекот кој не добил дозвола од жена му да оди во Русија, иако тоа било планирано со неговите другари цели четири години. 

Другарите кои пристигнаа во Русија и се радуваа на победата против Германија, едноставно велат дека ја завршиле мисијата, а тоа е да го одведат Хавиер со нив да биде на Светското првенство. Тие секаде со нив ја носат макетата од Хавиер, па дури му даваат да пие пиво, да се слика со жени, да слави со нив и да прошета низ Москва. 

 

Најново во Меѓународен Фудбал