Застанаа во одбрана на своите сопрузи

Жените на фудбалерите на ПСЖ го нападнаа судијата

„Да изгубиш во фудбал не е најлошата работа во светот, најлошата работа е да изгубиш на нерегуларен начин“, напиша на својот „Инстаграм“ профил, Изабела Силва, сопругата на Тијаго Силва.

објавено: 10 март 2017 - 09:45

Барселона требаше да биде одлична авантура за поубавите половини на фудбалерите на ПСЖ. Малку шопинг, прошетка...ден без нервози бидејќи ниту еден клуб во историјата не успеал да надокнади негатива од четири гола.

Сепак за се има првпат. Барселона го совлада ПСЖ со 6:1 во реванш мечот и обезбеди место во четвртфиналето во Лигата на шампиони. За сопругите на фудбалерите на францускиот тим главен виновник е судијата Денис Ајтекин. Изабела Силва, сопругата на Тијаго на својот „Инстаграм“ профил немаше милост кон германскиот делител на правдата.

„Срамота е на еден ваков важен натпревар да се случат големи судиски грешки. Им честитам на фудбалерите на ПСЖ за поштената игра. Главата горе, одиме понатаму“. Таа ја објави и спорната ситуација за вториот пенал, кога падна Луис Суарез и пиша:

Да изгубиш во фудбал не е најошата работа во светот, најлошата работа е да изгубиш на нерегуларен начин".

 

Најново во Меѓународен Фудбал