ДОДЕКА ЈА СЛАВЕА ОСВОЕНАТА ТИТУЛА

Живи ќе изгореа фудбалерите на Ц. Звезда (Видео)

Фудбалерите на Црвена Звезда имаа многу среќа и ниту еден не е повреден во инцидентот кој се случи за време на синоќешното славје

објавено: 20 мај 2018 - 08:47

Фудбалерите на Црвена Звезда имаа многу среќа и ниту еден не е повреден во инцидентот кој се случи за време на синоќешното славје. Додека се возеа со автобусот славејќи ја титулата во фудбалското првенство, ненадејно се случи пожар во автобусот. 

За среќа, сите брзо беа евакуирани и никој не е повреден. Се претпоставува дека автобусот се запалил бидејќи внатре биле употребени пиротехнички средства. 

Звезда синоќа ја прослави 28. титула.

Најново во Меѓународен Фудбал