ИМА И ТАКВИ КОИ ЕДНОСТАВНО ЖАЛАТ ШТО БИЛЕ ДЕЛ ОД „КРАЛЕВИТЕ“

Животна грешка ми беше што потпишав за Реал Мадрид!

Некогашниот најдобар фудбалер во светот Кака, открива дека жали што си заминал од Милан

објавено: 18 април 2018 - 17:20

Некогашниот најдобар фудбалер во светот Рикардо Кака, открива дека најголемата грешка која ја има направено во кариерата е да потпише со тимот на Реал Мадрид. Иако „кралскиот клуб“ е сон за речиси сите играчи, Бразилецот вели дека згрешил што заминал на „Сантијаго Бернабеу“.

Кака е последниот играч кој ја освоил „Златната топка“, а тоа да не бидат Лионел Меси или Кристијано Роналдо. Тој играше маестрално во дресот на Милан, но кога реши да си замине од „росонерите“ и потпиша за Реал, неговата кариера почна да оди во надолна линија. Потоа никогаш повторно не беше на нивото на игра како во дресот на Милан. 

„Таа грешка што потпишав за Реал многу скапо ме чинеше. Си заминав од Италија каде сите ме сакаа, за да потпишам за Реал Мадрид. Тоа го платив на најош можен начин. Колку и да се трудев, не можев со Мурињо. Тренирав, се молев, но никако немаше место за мене во тимот. Навистина бев несреќен во Реал. Кога си заминав, Мурињо ми рече дека сум бил еден од најголемите прфесионалци, но никогаш не ми даде вистинска шанса тоа да го докажам на терен“, открива Кака, кој имаше „златна доба“ во периодот од 2003 до 2009 година, кога беше во дресот на Милан.

 

Најново во Меѓународен Фудбал