НАВИВАЧ НА ЦРВЕНА ЗВЕЗДА

Животот му го спаси на нередите на „Максимир“, а сега 28 години подоцна реши да го продаде

Мечот меѓу Динамо Загреб и Црвена Звезда никогаш не се одигра, а тоа го сметаат како „мечот на кој започнала војната“

објавено: 21 март 2018 - 17:45

Прочувените нереди на стадионот „Максимир“ во далечната 1990 година, пред дуелот Динамо - Црвена Звезда ќе остане вечно запамтен како момент „кога започна војната во СФРЈ“. Еден навивач на Црвена Звезда на аукција преку интернет реши да ја продаде столицата која тогаш му го спасила животот. 

„Тој ден, на 13. мај 1990 година како питомец во Воената гимназија во Загреб, со другарите отидовме на Север. И навивачите на Динамо беа сместени на истата трибина, кога започнаа да фрлаат кон нас. „Делиите“ почнаа да маваат по лимените плочи, кои постепено попуштаа“, вели Миодраг опишувајќи што се случило.

Тој додава дека од сите страни почнале да „летаат“ камења, а тој решил да откорне едно столче, како би се заштитил од „дождот од камења“. Тоа столче го држел цело време со него и на крајот го довел и дома. Сега решава да го продаде и тоа за сума од 24.000 динари (околу 200 евра).

 

Најново во Меѓународен Фудбал