ФРАНЦУЗИНОТ СО НЕТРАДИЦИОНАЛНИ МЕТОДИ ЗА ТРЕНИНГ

Зидан бара помош од Роки Балбоа за Реал да ја стигне Барса

Тренерот на „кралскиот клуб“ се обидува на секој начин да се обиде да ја врати неизвесноста во шпанското првенство

објавено: 7 јануари 2018 - 19:55

Реал Мадрид заостанува дури 17 бода зад вечниот ривал Барселона, во трката за титулата во шпанското првенство. Оваа разлика, „кралскиот клуб“ може да ја намали на 11 бодови, бидејќи има два меча помалку од актуелниот лидер. Доколку Реал ги добие тие две средби и освои шест бода, колку толку ќе ја врати надежта дека може да ја одбрани титулата во Ла Лига. 

Со цел да ги подготви играчите на највисоко можно ниво и тоа во периодот кога доаѓаат најважните дуели од сезоната, тренерот на Реал Мадрид Зинедин Зидан реши да испроба необични методи за тренинг. Францускиот стратег реши на играчите да им направи копија од тренинзите кои ги користеше легендарниот филмски јунак Роки Балбоа, во филмот Роки со Силверстер Сталоне.

Според Зидан, најважно сега е играчите да добијат доволно добра физичка подготвеност, за да ги издржат сите напори кои следуваат во следните неколку месеци.

 

Најново во Меѓународен Фудбал