ПО НАЈАВИТЕ ДЕКА РЕАЛ ЌЕ ПЛАТИ 399,3 МИЛИОНИ ЕВРА ЗА НЕЈМАР

Зидан: И за мене кога платија 75 милиони евра, делуваше лудо

Тренерот на Реал не ги коментираше шпекулациите за евентуалниот трансфер на Бразилецот

објавено: 11 март 2018 - 11:00

Иако уште ја нема завршено првата сезона во дресот на Пари Сен Жермен, се погласни се шпекулациите за трансфер на Нејмар од Париз. Францускиот тим веќе ја одреди и сумата која е потребна да ја плати некој тим, ако сака да го откупи договорот на капитенот на бразилската репрезентација. 

Како по обичај, прв заинтересиран тим е Реал Мадрид. Почна да се зборува дека „кралскиот клуб“ е подготвен да плати 399,3 милиони евра за да го доведе Нејмар. Тоа би било најголем трансфер во историјата, ако се знае дека ПСЖ за него плати 222 милиони евра. 

Со свое мислење околу целата оваа ситуација се огласи и тренерот на Реал, Зинедин Зидан.

„Нејмар е многу добар играч. Кога Реал за мене плати 72 милиони евра тоа се чинеше како лудо. Можеби играчот ќе биде вреден 400 милиони евраво следните 10 или колку и да игра години. Нејмар е играч кој би се вклопил во секој тим на светот“, рече стратегот на шпанскиот гигант. 

 

Најново во Меѓународен Фудбал