По новата бламажа на Реал Мадрид на гостувањето кај Леванте

Зидан: Првенството не е решено има уште да се игра

Францускиот стратег нема шанси да ги повтори успесите од минатата сезона, но не се откажува од тоа да повторува дека не се откажува од трката за титулата во Ла Лига

објавено: 4 февруари 2018 - 08:55

Реал Мадрид за прв пат во клупската историја не успеа во текот на една сезона да се радува на победа против Леванте. Откако во есенскиот дел мечот во Мадрид заврши 1:1, синоќа „кралскиот клуб“ повторно киксираше и одигра 2:2 на гостувањето кај тимот кој се бори за опстанок. 

Наместо планираните три, Реал освои само еден бод и сега е дури 18 бода зад Барселона, која е лидерот во првенството, а денеска игра против Еспањол, што значи дека разликата може да оди и преку 20 поени. И покрај ваквиот распоред на табелата, тренерот на Реал, Зинедин Зидан вели дека не планира да се откаже од трката за титулата.

„Се додека има шанси ќе повторувам дека првенството не е решено. Остануваат уште многу бодови до крајот, а вечерва загубивме два бода. Разочаран сум од резултатот не од играта. Направивме некои грешки и противникот тоа го казни“, рече Зидан веднаш по синоќешниот дуел.

Најново во Меѓународен Фудбал