МОЖНО Е „КРАЛСКИОТ КЛУБ“ ДА ОСТАНЕ БЕЗ СТРАТЕГ

Зидан си оди од Реал? Ќе добие понуда што не се одбива

Францускиот стратег е „магнет“ за трофеите да дојдат на „Сантијаго Бернабеу“ 

објавено: 13 октомври 2017 - 12:35

Ако може да се верува на каталонскиот весник „Мундо Депортиво“, Зинедин Зидан може на крајот од сезоната да си замине од Реал Мадрид. Според најавите легендарниот Французин следната сезона може да го превземе кормилото на француската репрезентација. 

„Веќе некое време постои таа приказна дека Зидан може да биде наследник на Дидие Дешан, на клупата на репрезентацијата. Од претседателот на фудбалската федерација на Франција, па се до Варан, сите веруваат дека Зидан ги има сите предиспозиции да биде селектор“, пишува каталонскиот весник. 

Дешан има договор со „галските петли“ до завршување на Светското првенство во Русија, а се очекува да не му бидње продолжена соработката, без разлика на резултатот кој ќе го направи на Мундијалот. Во сите анкети кои беа направени, Зидан го посочуваат како идеално решение за „триколорите“. 

Зидан веќе трета сезона е на чело на Реал Мадрид, а како тренер се радуваше на две титули во Лигата на шампионите, на трофејот во Примера, на Суперкупот во Шпанија, Суперкупот на УЕФА и Светското клупско првенство. Сите овие успеси се доказ плус дека Зидан би било одлично решение за клупата на француската репрезентација.

Најново во Меѓународен Фудбал