ТРЕНЕРОТ ЌЕ БИДЕ „ЖРТВАТА“ ЗА ЛОШИТЕ РЕЗУЛТАТИ

Зидан за две години освои осум трофеи во Реал, но време е да си оди

„Кралевите“ не само што нема да успеат

објавено: 26 јануари 2018 - 14:39

Продолжува лошата атмосфера во таборот на Реал Мадрид, а сега се бара решение. Според најавите, „жртва“ ќе биде тренерот Зинедин Зидан. Францускиот стратег дојде на „Сантијаго Бернабеу“ во јануари 2016 година и во точно две години поминати на клупата, донесе неверојатни осум трофеи во клупските витрини. Ниту еден тренер на Реал во минатото немал таков успех. 

Сепак, фактот дека Реал е елиминиран од Купот на Шпанија и дека веќе заостанува 19 бодови зад Барселона, во трката за титулата во Ла Лига, се најавува заминување на тренерот Зидан. Дури се шпекулира дека полека и играчите се незадоволни од стратегот, па се погласно се зборува дека Зизу ќе биде првиот што ќе „лета“, за да се види дали може да се спаси оваа сезона. 

Најново во Меѓународен Фудбал