ИБРАХИМОВИЌ НАСКОРО ЌЕ ЈА ЗАВРШИ АМЕРИКАНСКАТА АВАНТУРА

ЗЛАТАН СЕ ВРАЌА ВО ЕВРОПА: Еве каде ја завршува кариерата! (ФОТО)

Искусниот 37-годишен шведски напаѓач би можел да ја заврши кариерата во клубот во кој и почна фудбалски да се развива.

објавено: 23 септември 2018 - 09:00

Поранешниот репрезентативец на Шведска најави дека лесно би можел да се врати дома и самиот откри дека добил една занимлива понуда.

„Клубот во кој пораснав сака да се вратам дома и таму да ја завршам кариерата. Морам да признам дека сум заинтересиран. Воедно, трофеј со нив е единственото што ми недостасува во пребогатата кариера", рече Ибрахимовиќ.

Златан од Малме на 19. годишна возраст се пресели во Ајакс, а потоа настапуваше за врвни клубови како Јувентус, Интер, Барселона, Милан, ПСЖ, Манчестер Јунајтед и ЛА Галакси. Со последноспоменатиот тим од САД има договор до крајот на 2018. година.

Најново во Меѓународен Фудбал