Иако има уште еден и пол месец до дуелот

Звезда ги продаде речиси сите карти за мечот против ЦСКА

До 29 декември трае продажбата на билетите за дуелот од нокаут фазата во Лигата на Европа, а досега се продадени преку 20.000 карти

објавено: 26 декември 2017 - 14:45

Половина од капацитетот на стадионот на Црвена Звезда е распродаден за дуелот против ЦСКА Москва, во рамките од нокаут фазата во Лигата на Европа. Некогашниот европски првак по долго време успеа да обезбеди презимување во европските купови. Предизвик на „црвено-белите“ е рускиот гигант ЦСКА Москва.

Иако има повеќе од еден ипол месец до мечот кој се игра во Белград (13 февруари н.з.), челниците на Звезда решија да ги пуштат во продажба картите. Засега се продадени преку 20.000 влезници и се очекува се да биде распродадено до 29 декември. 

Во групната фаза од Лигата на Европа, Црвена Звезда беше тимот кој имаше најмногу публика на средбите кои ги играше на свој терен. 

 

Најново во Меѓународен Фудбал