шпанскиот стратег уште еднаш покажа како треба

Ако Вујо беше мајсторе, Раул е ЦАР!

Македонскиот селектор точно знаеше во кој момент кој потег да го повлече, а на крајот кога се решава дуелот смирено да го одбере правилниот потег

објавено: 13 јануари 2018 - 21:37

Дали е на клупата на РК Вардар или пак е како селектор на Македонија, Раул Гонзалез е истиот. Смирен, внимателен и кога е најмногу потребно знае да го направи вистинскиот потег. 

Шпанскиот стратег веќе покажа дека во клучните моменти ги прави вистинските потези. Како тренер на РК Вардар покажа дека знае во инфаркт завршница да донесе радост. На фајнл фор турнирот во Келн, Вардар ги победи Барселона и Пари Сен Жермен со по еден гол за европска титула. 

Вечерва Раул не беше како предвоник на Вардар, туку на Македонија, но ефектот е ист. Шпанскиот стратег најде формула како тимот кој го предводи да се радува во инфаркт завршница. Македонија со 25:24 ја победи Словенија, иако противникот ја имаше улогата на фаворит. 

На чело на Словенија беше Веселин Вујовиќ, стратегот кој во Македонија го скандираат „Вујо Мајсторе“, поради својот придонес додека беше на клупата на Вардар. Сега Раул без проблем го надмудри Вујо. Едноставно ако Вујо е мајсторе, тогаш Раул дефинитивно е ЦАР! 

Најново во Ракомет