ВО ИЗБОРОТ НА HANDBALL-PLANET“

Арпад Штербик е најдобар ракометар во светот за 2017 година!

Голманот на Вардар беше избран за најдобар, во изборот на специјализираниот ракометен сајт

објавено: 13 декември 2017 - 08:51

Голманот на Вардар, Арпад Штербик е прогласен за најдобар ракометар во светот, во изборот кој го направи ракометниот сајт, „handball-planet“. Во гласањето беа вклучени 30 новинари од 27 земји, а гласаа и повеќе од 100.000 посетители на сајтот. 

Искусниот 38-годишен чувар на мрежата на Вардар, но и на шпанската репрезентација, имаше блескава година, посебно на клупски план. Штербик беше речиси несовладлив на голот на Вардар и го предводеше тимот до историската прва титула, европски првак. Вардар, на Ф4 турнирот во Келн, најпрво ја победи Барселона, а потоа беше подобра и од Пари Сен Жермен.  

Освен Штербик кој беше избран за најдобар ракометар во светот, беше составен и најдобриот тим.

Најново во Ракомет