ПОДДРШКАТА ОД ТРИБИНИТЕ И ОВОЈПАТ НЕМА ДА ИЗОСТАНЕ

БИЛЕТИ ВЕЌЕ НЕМА: Преполн „Јане Сандански“ ќе чека Вардар да го крене трофејот во СЕХА

„Црвено-црните“ вечерва во 20:15 часот на свој терен против Загреб треба да го одбранат тронот во регионалната лига

објавено: 15 април 2018 - 12:00

Ракометарите на Вардар денеска треба да го започнат „жнеењето“ на новите трофеи за оваа сезона. „Црвено-црните“ вечерва во „Јане Сандански“, во финалето од регионалната СЕХА лига играат против Загреб. Вардарци се апсолутни фаворити, но тоа треба да го потврдат и на теренот. 

Како домаќини на завршниот турнир, Вардар ќе ја има поддршката и од трибините. Ако во полуфиналето против Мешков брест можеше да се видат слободни места во салата, вечерва, „Јане Сандански“ треба да биде исполнет до последно место. Барем така велат информациите, кога е во прашање купувањето на билети за финалето. Билети нема, сите се продадени!

Вардар има апсолутна доминација сезонава во СЕХА и има само едно реми, без ниту еден пораз. Така треба да заврши вечерва, односно Вардар да го одбрани тронот во ова натпреварување. 

 

 

Најново во Ракомет