АТМОСФЕРА НА КОЈА МОЖЕ СИТЕ ДА ПОДЗАВИДАТ

Битола живее за ракометот: Полна салата за дербито Пелистер - Еурофарм Работник (Видео)

Скопје го има европскиот ракометен првак, а тоа е Вардар, но факт е дека Битола е градот кој едноставно живее за ракометот. На денешното градско дерби меѓу Пелистер и Еурофарм Работник, салата „Младост“ беше исполнета до последно место. 

Пред почетокот на средбата од 15. коло во Суперлигата, беа затемнети светлата, имаше одлична најава, а потоа почна шоуто на навивачите на трибините и на играчите на двете екипи на теренот. 

објавено: 10 март 2018 - 19:00

Најново во Ракомет